ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА I (ПРВИ) СПОРТСКИ ИГРИ НА СПМ‼️
Почитувани членови на СПМ,
Синдикат на Полиција во Македонија во периодот 15 и 16 Мај 2026 година ќе организира за прв пат спортски настан под називот „СИНДИКАЛНА ОЛИМПИЈАДА НА ПРИЈАТЕЛСТВО“ кој ќе се одржи во одморалиштето на МВР во Охрид и спортските терени во хотел „Аквалина“.
Ни претставува особена чест и задоволство, во име на Синдикат на Полиција во Македонија, да Ве поканиме да присуствувате на првите спортски игри за членовите на СПМ.
Спортските игри се организираат во чест и сеќавање на припадниците на МВР кои го дадоа својот живот за слободата на Република Македонија.
Во интерес на транспарентноста и ферплејот, пријавувањето на учесници ќе се врши преку претставниците на СПМ во организациските единици) по принцип 15% од членството се до пополнување на потребната бројка.
Пријавувањето треба да се направи најдоцна до 26.04.2026 година кога се затворат пријавите.Пријавувањето на членови на СПМ во организациските единици без синдикален претставник ќе биде преку маил: sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com (потребни податоци: име и презиме, организациска единица и контакт телефон) Заинтересираните ќе можат да се пријавуваат во една од следните спортски дисциплини:
• Фудбал (мажи),
• Баскет (жени),
• Влечење јаже,
• Пикадо,
• Шах,
• Трчање 100м,
Ќе биде организирано и планинарска тура со искачување на врвот „Магаро“ (дополнителни информации понатаму). Информации со се што е поврзаво во врска со игрите преку синдикалните претставници:
• Лефкотеја Чафкароска Јанкуловска – тел : 075/748-158
• Дејан Габеров -тел: 070/841-497
• Елена Москова тел: 075/444-699
• Љупчо Маркоски – тел: 078/346-735
Со почит,
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
