Писмо испратено до Премиерот на Македонија за утврдување на вредноста на бод

Писмо испратено до Премиерот на Македонија за утврдување на вредноста на бод.

Почитуван г-дин Мицковски,

Со оглед на последните случувања и во исчекување на стапувањето на сила на новиот Закон за внатрешни работи – ЗВР и Закон за полиција – ЗП, незадоволни од досегашниот статус на вработените во МВР, како Синдикат на полиција во Македонија – СПМ, одлучивме да доставиме едно и единствено барање до Вас како Влада на Република Македонија.

Ова е основната причина заради која, врз основа на чл.123 од новодонесениот ЗВР, каде стои дека “Владата ја утврдува висината на вредноста на бодот во МВР”, однесувајќи се на вредноста на бодот за пресметка на основната плата на вработените во МВР, бараме од Владата, односно од вас, да донесете одлука со која висината на вредноста на бодот во МВР ќе се утврди на 61.5 денари, односно еквивалент на нашето популарно барање 1 евро – 1 бод.

Бараме од вас како Влада, сериозно да го разгледате ова наше барање бидејќи само на овој начин ќе може да се компензира за досегашната неправда која се нанесуваше на вработените во МВР, ќе се придонесе за подигнување на моралот за работа и желбата за припадност во МВР, но и ќе се анулираат последните апсолутно нестабилни и неоправдани измени на законите во МВР.

БАРАМЕ ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА , ВО МЕСЕЦ МАРТ 2026 ГОДИНА, ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ВРЕДНОСТ НА БОДОТ ВО МВР ОД 61.5 ДЕНАРИ, или поедноставено 1 БОД – 1 ЕВРО ВО МВР!!!

#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме