Одржан е работен состанок со раководството на Единицата за брзо распоредување (ЕБР)

Одржан е работен состанок со раководството на Единицата за брзо распоредување (ЕБР)

На состанокот беа презентирани досегашните активности на Синдикатот на полиција во Македонија, како и плановите и приоритетите за наредниот период.

Беа отворено разгледани и сослушани предизвиците и проблемите со кои се соочуваат припадниците на ЕБР. Во следниот период ќе следуваат конкретни барања и иницијативи за нивно системско решавање.

Позитивно е што веќе се забележуваат подобрувања во работната атмосфера, зајакнување на самодовербата и унапредување на меѓусебните односи.

Изразуваме искрена благодарност до раководството на ЕБР, како и до командантот Стојанче Николов, за професионалноста и одличната соработка 🫡

За сите прашања, проблеми и предлози, слободно контактирајте нè:

sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме