Николчe Кирковски – човекот што го помести синдикализмот во МВР

✨ Николчe Кирковски – човекот што го помести синдикализмот во МВР

✨Нашиот Генерален Секретар на СПМ пред два месеци замина во пензија, но не и од синдикалната борба.

Пет години исполнети со протести, реакции, пресови, состаноци, победи, порази… и многу емоции. Пет години во кои Николчe беше нашиот глас, наша сила и наш пример како со чесност и упорност се гради Синдикат. Човек кој не чекореше пред нас, туку со нас. Кој не бараше пофалби, туку резултати. Кој со смиреност, мудрост и карактер ни покажуваше дека синдикатот не е институција, туку семејство.

👋 Не го испраќаме.

🎉 Му ја честитаме заслужената пензија.

🤝 И со гордост објавуваме дека останува со нас како почесен член на СПМ!

СПМ е семејство, а Николчe е дел од тоа семејство и секогаш ќе биде. Зашто СПМ не се напушта , СПМ се чувствува, се живее и се гради секој ден.

Николчe, благодарам за секој чекор и секој подвиг во овие години. Нашата борба продолжува, а убаво е да знаеме дека и понатаму чекориш со нас.

💙Пензијата е нов почеток, а нашето заедништво продолжува.

СПМ и понатаму ќе чекори со тебе покрај нас.

#СПМ #Синдикат #ПензијаНоНеКрај #ПочесенЧлен #ЗаедноСмеПосилни

https://www.facebook.com/share/v/14SVZyLdtTj