Прв меморијален турнир „Бобан Михајловиќ“
На 22 јануари 2026 година, по покана на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP , се одржа првиот меморијален турнир во мал фудбал и кошарка „Бобан Михајловиќ“,, на кој учество зеде и тимот во мал фудбал на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
Синдикатот на српската полиција – Регионален центар Врање, на овој начин му оддаде почит на припадникот на сообраќајната полиција при ПУ Врање, Бобан Михајловиќ, чиј живот прерано згасна,поради ненадејна болест- срцев удар.
Посебна благодарност до Претседателот Лазар Ранитовиќ и Генералниот секретар на Синдикатот на српската полиција Darko Ocokoljic како и на раководниот тим од ССП – Врање, Филип Аранѓеловиќ, Дејан Тасиќ и Зоран Стојчиќ-Шиндра, за искреното гостопримство што го приредија за членовите на фудбалскиот тим на Синдикатот на полиција во Македонија.
Со овој гест уште еднаш беше потврдена искрената пријателска врска и негувањето на одличните меѓусоседски односи, кои ќе продолжат да се развиваат преку меѓусебна соработка на сите полиња на синдикалното делување, а во иднина и преку спортот.„Смртта не постои – луѓето умираат дури кога сите ќе ги заборават.“







