МПС НЕ СМЕЕ ДА НАПРАВИ ОТСТАПКИ ЗА ПЛАТАТА ВО МВР‼️

МПС НЕ СМЕЕ ДА НАПРАВИ ОТСТАПКИ ЗА ПЛАТАТА ВО МВР‼️

НОВИОТ Закон за внатрешни работи е излезен во службен весник на РМ број 160 од 05.08.2025 година. Во член 205 од овој закон наведено е дека законот ќе започне да се применува по девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите во делот IX „Плата на работниците во министерството“кои ќе започнат да се применуваат по шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Согласно член 127 од ЗВР „Бодовите за видовите на работните места за пресметување на основната плата на работниците во Министерството и додатоците на плата за работните места се утврдуваат во акт за плата за работните места во Министерството, кој го донесува министерот во согласност со најбројниот репрезентативен синдикат во Министерството“.

Ова значи дека до наредните два месеца Македонскиот полициски синдикат како нај броен синдикат во МВР ќе ја игра најзначајната улога во поглед на бодовите а со тоа и платата на работниците во министерството.

ДОДАТОЦИТЕ на плата исто така доколку на било каков начин не се зголемат, мораат да останат токлу колку што се со постојните ЗВР и КД на МВР односно и тие не смеат да се дозволи да се намалат во никој случај.Апелираме до МПС во преговорите и согласноста која што треба да ја даде согласно член 127 од ЗВР, да не потпаѓа на влијанија и притисоци и единствено стартно барање при преговорите на основната позиција полицаец која во моментот има 520 бодови, да преговараат бројот на бодовите да биде качен за 20-40 бода стартно од основна позиција на исто толку бодови да бидат покачени кај сите останати други работно предвидени места. Го охрабруваме МПС во овој преговарачки дел никако да не отстапува и попушта а и на никој ни случајно да му паднало на памет бодовите за работниците да ги намалува зошто само така ќе бидеме поблиску со соодветна плата во МВР достоинствена за секој работник. Доколку е поинаку бараме нивна јавна реакција‼️

Времето е кратко и во ниту еден случај не треба да се направат никакви отстапки. Време е работникот во МВР да има достоинствена плата. Тоа време конечно доаѓа.Го повикуваме и Независниот синдикат на полицијата – НСП за соодветна реакција‼️

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО МВР!

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Панче Тошковски

Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS @topfans