МПС И НСП, ОВЛАСТУВАЊАТА ОД 30% И 20% НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ВО ЗАКОН, КАДЕ СТЕ, КАЈ ОТИДОВТЕ⁉️‼️
МПС и НСП….. Ни збор не рекоа кога во новиот Закон за внатрешни работи беа тргнати и повеќе ги нема одредбите кои предвидуваа овластувања за 30% и 20% за повисоки плати. Не кажаа збор, туку цела година ја поминаа (додуша еден пат едниот и два пати другиот на протести секаде само не пред МВР, качуваа планини, си шеткаа….).
А се пофалија и скокаа ко мали деца кога добија решение за учество во работната група за ЗВР. МОЛК, ТИШИНА, како ништо да не било, збор не изустија дека се избришани овластувањата и повеќе ги нема.
Дури нашите двајца лидеришта излегоа со тврдење дека немало шанса да се покачат платите во Полицијата за 2026 година (се сомневаме сеуште дали воопшто некој од нив ги има прочитано одредбите од новиот ЗВР за плата). Какво елементарно непознавање на она за што земаш месечни паушали од членарината, страшно.
Дополнително, вчера Собранието ги донесе измените од Законот за полиција каде одредбите „зголемување на платата (овластување) за 30% за полициските службеници“ СЕ БРИШАТ. И денес ни трага ни глас ниту било каква реакција на сојузите од ССМ и петтата сила.
Вработените од Вас лидери на МПС и НСП очекуваат реакција и да им објасните: Дали дадовте амин за ова што се случува во Полицијата⁉️
Дали лидерот на МПС со таквото штуро и ефтино соопштение од средба со министерот всушност призна дека „е задна рупа свирала“ и ако сам си го прочита соопштението (посебно вториот дел) и тој лично нема да го разбере?
Објаснете им на вработените: ЗОШТО МОЛЧИТЕ ПРИ БРИШЕЊЕТО ЗА ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР ВО ЗВР И ЗП? ОБЈАСНЕТЕ ИМ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ КАКО ТАКВИ ВО ЗАКОНИТЕ!‼️
КОЈ ЗНАЕ И ДАЛИ ВООПШТО ЗНААТ И ДАЛИ ИМ Е ВООПШТО ГРИЖА ШТО СЕ СЛУЧУВА!!!Се фалат со репрезентативност, а немаат храброст да ја сносат таа одговорност. Затоа молчат иако се должни да објаснат што и зошто ова се случува.
Дополнително, Вие од МПС способни ли сте воопшто да преговатаре и договорите вредност на бодот во Полицијата согласно новиот ЗВР.
После ова очигледно е ДЕКА НЕ СТЕ‼️#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме @topfans
