Зошто синдикатот е секогаш виновен за тоа што го нема или за тоа што не е доволно?

Зошто синдикатот е секогаш виновен за тоа што го нема или за тоа што не е доволно?

Најнапред,затоа што никој не погледнал и не ги пофалил за тоа што го има,за тоа што недостигало,а сега постои.

Тоа најмногу се должи на поединци кои сакаат да скокнат десетина скалила наеднаш,ама тоа да го направи друг наместо нив и тоа со нив качени на рамења кај другите. Ете и тоа во теорија е возможно,доколку дваесетина други ги влечат нив,качени на рамења кај другиот. Тоа е некако најпластичен пример за синдикатите денес.

Додека никој не сака да ја прифати реалноста која е непроменлива во тој поглед- заедништво. Во едно далечно минато тоа го викаа братство и единство и како такво во рекорден период изгради држава. Но ние некако станавме алергични,прво на поимот,а потоа и на самата суштина. Веќе не можеме ни двајца да се сложиме,а да не зборуваме за организации. Поголемиот дел го омаловажуваат,но никој од нив не ја знае силата и можноста на синдикалното здружување. Тоа нема да се поправи,за жал,нити во блиска иднина заради тоа што во поголемиот дел од синдикатите,наметнато е раководство на кое приоритет им се власта,моќта,финансиите,алчноста и болната амбиција предизвикана од лична немоќ и еден куп комплекси кои ги носат со себе. Заради таквите карактери,синдикатот никогаш нема да добие не само доверба туку и значење,да ја оствари вистинската улога за која и постои.

Во споредба со единството,политичката или било која друга сила се ништовни. Таму каде што ќе згазат 1000,2000,3000 чизми,трева не расти.

ТОА Е СИЛА!

Повторно за жал,тоа го оневозможуваат неписменоста,нетрпението и дневната политика со ветувањата. А таквите поединци веќе прераснаа во групи,а групите во внатрешни пара-организации,најчесто спротивставени едни со други заради верски,национални или партиски разлики. Со таква поделба невозможно е и да се зборува за единство,заради тоа многу професионалци се обесхрабрени и стојат настрана,бидејќи “сите имаме фамилии”!

Ете,тие првите се најголемата причина за тоа што синдикатите се секогаш виновни за се. Оние кои немаат ни храброст,ни образ,газат преку живи луѓе,се истакнуваат со потиснување на професионалците,ете тие најмногу и најгласно судат. Знаат и свесни се дека ако синдикатите функционираат со полна пареа и сила,нивните можности,потрепштини,лагодности ќе ги снема преку ноќ. Синдикатот секогаш се залага за децидно спроведување и подобрување на законските и подзаконските норми,а тоа апсолутно не им одговара на таквите “крлежи”!

За да биде трагедијата уште поголема, тука најмногу влијаат неспособните неработници кои заради “рангот” кој го имаат,мислат дека имаат неприкосновено право да си земат за заслуга се што другите сработиле. Тие се најголемите штетници,бидејќи тие ги подржуваат оние првите,како небаре им се војска на платен список,па овие прават ршум помеѓу професионалците и подржувачите на синдикатите,не водејќи сметка воопшто дека прават огромна непоправлива штета на сите.

ТОА НЕ ЗНАЕ ДЕКА НЕ ЗНАЕ И НЕ РАЗБИРА ДЕКА НЕ РАЗБИРА!!!

Вака се доведуваме во една шаховска пат позиција во која каде и да стапнеш,ќе загубиш. Таквата позиција на синдикатот им одговара само на првите и нивните подржувачи,”рангираните”, кои најчесто се на високи позиции и кои уживаат привилегии. И секогаш кога ќе почувствуваат и најмали потреси на нивните позиции,веднаш се вртат кон синдикатот и подржувачите,вршат притисок врз нив па потоа синдикатот станува “општа опасност” за сите кои го подржуваат,па најнормално прво бараат отчленување,па се бунат,па пцујат и кога ќе дојде до отчленување,олеснувањето е огромно. Но не затоа што се отчлениле,туку рает затоа што престанале притисоците,во било која форма или сила биле.

Она што не го разбираат,повторно,е заедништвото. А заедништвото,подршката се најсилното оружје на синдикатот. Без тоа,нема резултат. Бидејќи станува се помала закана за привилегираните и нивните позиции и војска.

Затоа синдикатите се секогаш виновни за се,бидејќи никој не сака да се погледне во огледало и да си признае дека нема храброст и одлучност за борба во која индиректно ќе се избори за свое подобро утре,преку подршка на синдикатот.

А ние, Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ , сме силни само онолку колку што сте вие сложни и спремни преку нас да добиете она што навистина го заслужувате. Ние не бараме членарина,не бараме привилегии,туку бараме професионалци кои се спремни заедно со нас,рамо до рамо, да се изборат,да не потклекнат на дневна политика, ветувања и ситни пари.

Само на тој начин синдикатот може да ја оствари својата цел. Дали синдикатот ќе биде виновен или не,тоа зависи најмногу од вас-дали ќе го повлечете за тие десетина,дваесет скалила или сте спремни да чекате синдикатот да се качува скала по скала,со своја сила.

Со почит до сите вас,

Генерален секретар на СПМ

Никола Кирковски

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#силанановотовреме