Заврши состанокот со презентација на новиот Закон за внатрешни работи

Во долга и конструктивна дебата пред целото раководство на Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme , Министерот, заменикот министер и Директоот на БЈБ и присуство на сите Синдикати во МВР, беа дадени првично наши забелешки, кои најкасно до наредна недела ќе бидат доставени писмено.

Законот и покрај тоа што има добри предлози, постојат одредени одредби кои во наредниот период ќе бидат предмет на реакција и дебата.

Секако да спомнеме дека најголем дел од нашите барања и согледувања беа прифатени позитивно.

Откако ќе биде изготвена официјалната верзија на законот, ќе биде известено членството навремено.

Одиме напред кон остварување на нашето мото: ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА, на добар пат сме до таму ✊🇲🇰🇲🇰🇲🇰

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме