Десетти меморијален турнир „Хероите од Југот 2025“ на покана од Синдикат српске полиције ССП учество зеде и тимот на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

🕊️ Десетти меморијален турнир „Хероите од Југот 2025“На 10 октомври 2025 година, по покана на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP , се одржа Десеттиот меморијален турнир во мал фудбал „Хероите од Југот 2025“, на кој учество зеде и тимот на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ.

Синдикатот на српската полиција – Регионален центар Лесковац, со оваа традиционална манифестација достојно ги чува од заборав своите соборци кои ги положија животите извршувајќи ги службените должности во одбрана на татковината.

Посебна благодарност до генералниот секретар на Синдикатот на српската полиција Darko Ocokoljic и до претседателот на ССП – Лесковац, Срѓан Јовиќ, за искреното гостопримство што го приредија за членовите на фудбалскиот тим на Синдикатот на полиција во Македонија.

Со овој гест уште еднаш беше потврдена искрената пријателска врска и негувањето на одличните меѓусоседски односи, кои ќе продолжат да се развиваат преку меѓусебна соработка на сите полиња на синдикалното делување, а во иднина и преку спортот.

За НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ на турнирот е прогласен нашиот член , Александар Савевски 🫡🇲🇰🇲🇰🇲🇰💬

„Смртта не постои – луѓето умираат дури кога сите ќе ги заборават.“ 🇷🇸🫡🇲🇰