ВИСТИНАТА ЗА МПС И НСП, НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НИВНА МАНИПУЛАЦИЈА СО ВРАБОТЕНИТЕ‼️
Денес ќе се обратиме пред сите вработени во министерството за внатрешни работи. Работниците имаат право да ја знаат вистината и КОЈ МАНИПУЛИРА СО НИВНИТЕ ПРАВА⁉️
Изминатите две недели објавивме соопштение до МПС и НСП….. Ни тогаш ниту пак сега збор не рекоа дека во новиот Закон за внатрешни работи беа тргнати и повеќе ги нема одредбите кои предвидуваа овластувања за 30% и 20% повисоки плати. Не кажаа збор ниту реакција, единствено едниот од нив се пофали кога добија решение за учество во работната група за ЗВР и Законот за полиција . МОЛК, ТИШИНА, како ништо да не било, збор не изустија дека се избришани овластувањата и повеќе ги нема.
Дополнително, нормално со нивно молчење и одобрување Собранието на предлог на МВР и нивната работна група ги донесе измените од Законот за полиција каде одредбите „зголемување на платата (овластување) за 30% за полициските службеници“ СЕ БРИШАТ‼️
За да стане појасно овие двајца наши „лидеришта“ на синдикати јавно тврдат дека нема шанса да се покачат платите во Полицијата за 2026 година ( иако тогаш и сега се сомневаме сеуште дали воопшто некој од нив ги има прочитано одредбите од новиот ЗВР во делот за плата). Какво елементарно непознавање на она за што земаш месечни паушали од членарината, страшно, за земањето на дневниците друг пат…Вработените од Вас лидери на МПС и НСП очекуваат реакција без да навредувате никого и да им објасните:
Дали дадовте амин за ова што се случува во Полицијата⁉️
Зошто не им објасните на вработените: ЗОШТО МОЛЧИТЕ ПРИ БРИШЕЊЕТО ЗА ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР ВО ЗВР И ЗП? ОБЈАСНЕТЕ ИМ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ КАКО ТАКВИ ВО ЗАКОНИТЕ!
И двајцата се фалите со репрезентативност а немате храброст да ја сносите таа одговорност. Затоа молчите иако сте должни да објасните зошто ова се случува и кои се вашите интереси позади ова.
Сега ќе се обратиме до господата на МПС и повторно да ги прашаме дали воопшто СТЕ СПОСОБНИ да преговарате и воопшто да ја дадете согласноста за бодовите и додатоците на плата согласно членот 125 од Законот за внатрешни работи кој ќе стапи во сила за некој месец.
Да стане појасно овој член ги предвидува додатоците на плата и тоа за сложеност на работите на работното место, обем на работните задачи, додаток заради висок ризик и додаток за одлив на кадри.
Објаснете им на вработените дали ОВЛАСТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ќе ги задржат досегашните 20%, дали полициските службеници ќе ги задржат 30% овластувања, дали припадниците на ОСПО ќе ги задржат тие дополнителни 45% додаток за висок ризик, објаснете им. На работниците не им треба фрижидери и телевизори за кои појма немаме како ги набавувате, им требаат ПАРИ📌‼️
Доколку ова не им го одговорите до средината на месец Фебруари, знаеме дека веќе сте направиле невидено ПРЕДАВСТВО И НЕПРАВДА кон работникот во МВР. Доколку ова не го сторите дефинитивно нема да и бидете ни приближно рамен на позицијата која ја имате и затоа ОДЕТЕ СИ! САМО НЕ ГИ ПРЕДАВАЈТЕ и овојпат како многу пати досега.
Вработениот во МВР без разлика кој каде членува, има право да ја знае вистината, вие двајца сте репрезентативни, вие сега во овој момент го носите товарот!
НЕМОЈТЕ ДА ГИ РАЗОЧАРАТЕ И ОВОЈПАТ, КАЖЕТЕ НЕ, ЗА СЕ ШТО Е ШТЕТНО ЗА РАБОТНИКОТ.
Затоа Ве предупредуваме и Вас и претставниците на МВР, внимателно со сите сегашни и идни измени на овие два закони. Што и да правите, не го правите тоа да биде на штета на работникот, немојте‼️🫵#враќањенапрофесионализмотвополицијата #новатаеранапрофесионализмот #силанановотовреме
