БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Во согласност со нашите цели, дејности и активности, а со цел остварување и заштита на правата од работен однос, СПМ (Синдикат на полиција во Македонија) за своите членови обезбедува бесплатна правна помош.

Бесплатната правна помош е една од непосредните придобивки што вработените ги имаат врз основа на нивното членство во СПМ.

Голем број на вработени се соочуваат со незаконски престанок на работен однос, незаконско намалување на плата, неоправдана дисциплинска постапка, непочитување на колективните договори, непочитување на законските одредби поврзани со годишниот одмор и работното време и други прекршувања на правата од работен однос.

Доколку сметате дека ви е прекршено некое од горенаведените права или некое друго право од работен однос зачленете се во СПМ каде ќе добиете бесплатна правна помош.

Правото на бесплатна правна помош може да го остварите на следниот начин:

  • Консултација со синдикалниот претставник
  • На е-маил адресата на СПМ: sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com
  • На социјалните мрежи: преку Facebook страната на Синдикат на Полиција во Македнија – СПМ
  • Со пополнување на долунаведената апликација (Пристапница)

Powered By EmbedPress