Барања испратени до Министерство за внатрешни работи за подобрување на условите за работа на вработените во МВР

Барања испратени до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme за подобрување на условите за работа на вработените во МВР

Анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат вработените во МВР, мораме да констатираме дека истите секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми кои секако реално треба да претпоставиме дали истите секојдневно се зголемуваат. Од тие причини предлагаме и Бараме:

• Отпочнување на процес за донесување на НОВ Колективен договор на вработените во МВР со активно учество на СПМ во истиот и воведување подобри права за вработените од постоечкиот колективен договор,

• Воведување на задолжително исплаќање на трошоци за превоз на сите работници распоредени надвор од местото на живеење без нивно барање, доследно почитување на одредбите од член 46 и 47 од КД на МВР,

• Добивање на решенија на сите помлади полицајци кои работат во Министерството повеќе од 2 години,

• Итна и целосна набавка на униформа (а не само делови од униформа) и конечно ставање во употреба „ваучер системот“ и нормално воведување на нов вид на униформа подобра и попрактична за работа на работниците на терен,

• Стоп за секојдневни неосновани дисциплински постапки, истите доколку бидат поднесени да бидат правно издржани со докази а не поднесени по секоја цена,

• Стоп за злоупотреба за распоредот за работа во ПС и ПО. Ова од честа причина што одреден вид на раководители буквално „се изживуваат“ над работниците и наместо изработка на месечен распоред, често распоредот го прават на дневна основа завршувајќи го истиот во денот во 16.00 часот и слично,

• Решавање на проблемите околу недостигот на возила во орг.единици, речиси и да нема организациска единица каде го нема овој проблем во полициските станици,

• Формирање на комисија која ќе има задача да ја скенира состојбата со полициските станици каде условите за работа се повеќе од лоши, со директно учество на синдикатите во детектирање на проблемите и условите за работа,

• Доследно почитување на одредбите од Колективниот договор на МВР и позитивните законски прописи во надлежност на МВР.

Списокот со барања и детектирање на проблемите не завршува тука, но време е да се започне проблемите да се решаваат дел по дел…..

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме