Честитка на СПМ по повод 8-ми Март “Денот на жената”

Меѓународниот ден на жената кој секоја година се празнува на 8-ми Март, претставува симбол на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.

Овој ден се одбележува како оддавање почит на вложениот напор на жените за својата еманципација и извојување на еднаквост на половите иако оваа борба во некои земји сеуште трае.

Синдикат на Полиција во Македонија на сите припаднички на понежниот пол во Министерството за внатрешни работи им го честита 8-ми Март “Денот на жената” 👮🏼‍♀️👮🏻💖