СПМ обвинува за незаконски прераспределувања и дисциплински постапки во СВР Куманово

Почитувани членови на Синдикат на Полиција во Македонија, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи, почитувани преставници на медиумите,

Уште на самиот почеток нагласивме дека акцентот на синдикалната борба ќе го ставимена „Започнување на синдикална борба со непрофесионализмот во Полицијата, крај навознемирувањето на работниците и стоп за незаконските распоредувања.“ Неодамна ја запознавме Македонската јавност дека во изминатиов период распоредување наработник не може да се врши врз основа на „ПРЕДЛОГ“ од Началник на Сектор за внатрешни работии надвор од неговото место на живеалиште по потреба на службата.

Срамно е да признаеме дека на„предлози“ на Началникот на СВР Куманово а спротивно на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР каде без ниту еден правен основ наведен во решенијата, работници сепраќаат на работа надвор од нивното место на живеење а апсурдот да биде поголем со сознанијата сокои располагаме деновиве се испратени предлози до Министерот за испраќање нанеистомислениците и професионалците по желба повторно на „предлог“ на началников како да енегова фирмата СВР Куманово и по други Сектори за внатрешни работи надвор од нивните места наживеење каде работниците ќе треба да патуваат до работното место повеќе од 50 и повеќе километриза да стасаат на своите работни места.

Покрај погоре наведеното до Синдикатот на Полицијата во Македонија, пристигнаа и информации дека за повеќе припадници на СВР Куманово од кои што дел од нив се и активничленови на СПМ и синдикални преставници , во фаза на изработка се повеќе неосновани и измисленииницијативи и предлози за поведување на дисциплински постапки, кои што во најголем дел од нив сезасновани на база на отворен реваншизам врз колегите против кои се поведуваат овие дисциплинскипостапки поведени од Началникот на СВР Куманово. Исто така според нашите сознанија деновиве вонеговиот кабинет се повикуваат работници и по секоја цена се принудувани „сами“ да изготватБарање за нивна смена од актуелните работни позиции. За секојдневното вознемирување на колешкапред пензија самостоен инспектор што секојдневно регулира сообраќај спротивно на нејзиниот описи попис на работните задачи воопшто не сакаме да говориме. СРАМОТА!

Синдикатот на Полицијата на Македонија овие појави на неодговорно однесување на овој раководен работник НАЈОСТРО ги осудува и на своите членови како и на сите останати полицискислужбеници им искажува отворена подршка и им стои целосно на располагање со сите свои правниможности во застапување на нивните права согласно Колективниот договор на МВР и Законот заработни односи.Воедно апелираме до Министерот за внатрешни работи а особено до Комисијата зараспоредување и унапредување во МВР во која членуваат и преставници на друг СИНДИКАТ во МВР (да стане јасно на колегите, преставници на Синдикат со право на глас од каде потекнуваат ситенезаконски решенија за распоредување), темелно и сеопфатно да ги преиспитаат сите овиенезаконски и сите идни и евентуални кадровски разместувања во МВР како во СВР Куманово така иво останатите организациони единици во Министерството и конечно да почнат да ги почитуваатпроцедурите согласно правилата и прописите а се со цел за да се избегне непотребно оптеретувањена буџетот на МВР по основ на тужби и работни спорови кои несомнено би произлегле како резултатна ваквото постапување.Доколку и понатаму КОМИСИЈАТА за распоредување во МВР продолжи да работи незаконски,непрофесионално и спроведува одредени нарачки со справување со неистомислениците ипрофесионалците во МВР крајно време е на ИНДИВИДУАЛНА одговорност и таква МОРА да има и ќеима! Синдикатот на Полицијата на Македонија, ќе работи транспарентно и во реално време согледувајќи ги сите неправилности, благовремено ќе реагира известувајќи ја јавноста и ситенадлежни домашни и меѓународни институции.

ДА СЕ ВРАТИ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА