Реакција на СПМ во врска со неодамнешниот напад од МПС

Почитувани членови, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи, почитувани преставници на медиумите,

Се обраќаме до Вас, се цел да Ве информираме за причините за формирањето на Синдикатот на Полиција во Македонија, но и да реагираме за нападите кои ние ги добивме како новоформиран Синдикат.
Синдикатот на Полиција во Македонија е формиран од побудата за заштита на работничките права и економско – социјалната положба на работниците. Во рамки на самото Министерство „не тече мед и млеко“. Вработениот во Министерството (во се поголем број) секојдневно е понижуван, малтретиран, нападот кон него често останува неказнет, владеењето на правото е „мисловна именка“, вознемирувањето на работникот секојдневно се повеќе и повеќе расте, непрофесионализмот во Министерството доволно Ви е познат на сите, опременоста, условите за работа. Да токму така, од причините наведени погоре официјално во Министерството за внатрешни работи формиран е и почна со работа трет Синдикат во МВР под назив „Синдикат на Полиција во Македонија“.
Наводите од страна на Сојузот на Синдикати на Македонија како и од Македонскиот полициски синдикат дека Синдикатот на Полиција во Македонија е формиран само да биде замолчан еден синдикат во МВР се неточни, тенденциозни, истите се клевета само за да на секој начин политички не обојат за што ги отфрламе во целост. Повеќе би рекле дека се плашат затоа што како Синдикат изминативе години колку понудија на полето на подобрување на правата знаат самите вработени во МВР.
Сојузот на Синдикати на Македонија и Македонскиот полициски синдикат обвинија дека Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз Синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат, но вистината е дека причината за ваквите обвинувања се нивното неработење и стравот од губење на членството, кое е незадоволно од нивното работење.
Со таа цел Синдикат на Полиција во Македонија испрати писмо до Владата на РС Македонија, Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика кое Ви го доставуваме во прилог. Исто така со писмото ги запозна и релевантните институции Меѓународната организација на труд, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија како и Делегацијата на Европската унија во Македонија

Со почит,
СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА