Ги известуваме членовите на Синдикат на Полиција во Македонија и вработените во Министерството за внатрешни работи дека по остварената прва средба во Кабинетот на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев официјално прифатени се нашите барања кои се однесуваат на одбитоци на плата за чланарината како и административна забрана за плаќање на рати кај комитентите со кои СПМ во наредниот период ќе склучи договори со цел нормално функционирање на синдикатот.
СПМ ќе остане доследен и од овој момент ќе се фокусира на вистинската синдикална работа.
Имено како Синдикат сме решени се разбира со Ваша помош колеги заеднички да се потрудиме да ја реализираме вистинската идеја ПОЛИЦИЈАТА да биде институција над институциите. Институција во која сите ќе бидат ценети и задоволни од својот работодавец, институција која ќе не почитува како нејзини претставници и најважно од се институција која е должна најпрво да ја врати изгубената доверба на Граѓаните во Полицијата а потоа ДОСТОИНСТВОТО.
Институција од која никој нема да се срами а тоа е Европска, департизирана и деполитизирана од тука ќе си земеме за право да упатиме уште еден апел од сите нас до почитуваниот Министер за Внатрешни Работи кој деновиве не удостои и ни укажа ЧЕСТ на наше барање со прием во неговиот кабинет. Воедно се надеваме дека и останатите учесници во власта кои рамноправно раководат во Министерството за Внатрешни Работи Дополнителниот Министер и Директорот на БЈБ ќе не
удостојат со средба врз основа на доставените барања за средба до нив лично доставени со цел отпочнување на заеднички процес за реализација на барањата на СПМ кои се однесуваат на наградувањето на полициските службеници кои во оваа криза покажаа и докажаа дека задачата ја извршија високо професионално. За нас е многу битно да се покаже единство односно дека целите и заложбите на сите учесници во власта се исти.
Господин Министер Наќе Чулев ни укажавте чест и почит и согласно дадените насоки Ви се заблагодаруваме за превзмените мерки за полесно функционирање на Синдикатот. Имено од искажаното на средбата ГОСПОДИНЕ МИНИСТЕР сме задоволни и ќе Ве замолиме да достоите на даденото ветување искажано на средбата дека конечно ќе видиме правна и аполитична пред се ПРОФЕСИОНАЛНА ПОЛИЦИЈА бидејќи од првиот момент на воспоставување на столбовите на СПМ ова се главните цели односно цели кои се совпаѓаат со целите на СПМ, се надеваме дека истите ќе ги остварите и ќе наметнете со ист таков ентузијазам каков што на нашата средба прикажавме. Дозволете да им доловиме на колегите се работи за еден нов принцип кој ќе значи враќање на довербата на граѓаните кон полицијата а воедно и враќање на достоинството на полицискиот службеник.
Јасно укажавте и се надеваме дека ќе се придржувате до искажаното професионалците да не бидат во никој случај казнувани само поради политичката припадност туку заштитени, заеднички да ги отстраниме сите можни закани и сомнежи на сите оние кои професионално си ја извршувале функцијата, ниту еден припадник на МВР да не се дозволи да биде изложен на политичкиот елитизам. Време е припадниците на МВР да бидат ценети од аспект на професионализмот а не од политичката припадност.
Секој кој ја вршел и ја врши својата функција чесно и достоинствено да биде заштитен и повеќе никогаш да не се дозволи никој ама баш никој да гази по животот и мирот на институцијата полицаец.
Ваквиот гест Господине Министер и примената на овие цели за нас ќе биде доволен доказ дека Вашата намера е искрена и реална а за сите останати доказ дека веќе сме на патот кон Европска Македонија.
